Нико Хулкенберг синоќа беше дисквалификуван од трката за ГН на Бахреин поради прекумерно абење на подот на неговиот болид.
Интересно, тој е четвртиот возач кој е дисквалификуван на само три трки. Од истата причина и 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон беше елиминиран од поредокот во Кина.
Хулкенберг во Бахреин заврши 13-ти а техничкиот преглед по трката откри дека долната плоча на неговиот болид е дебела 8,4 милиметри или помалку од предвидените девет.

