Хуан Пабло Монтоја вели дека ќе биде многу изненаден ако Верстапен остане во Ред Бул и следната година. Поранешниот пилот во Формула 1, предвидува заминување на Верстапен од Ред Бул на крајот на оваа година.
Монтоја верува дека Макс Верстапен ќе го напушти Ред Бул за да се пресели во Мерцедес или Астон Мартин.
„Ќе бидам многу изненаден доколку Верстапен остане во Ред Бул следната година. Всушност, постојат само две можни сценарија за Макс. Прашањето е дали сака да победи или сака да заработи многу пари и, можеби, да победи во исто време? Ако Макс сака да победи, ќе мора да го убеди Тото Волф да го однесе во Мерцедес. И ако сака да заработи пари и, можеби, да победи во исто време, треба да ја прифати понудата од Лоренс Строл и Астон Мартин“, рече Монтоја.

