Двократната олимписка шампионка, Евгенија Канаева, го напушти стручниот штаб на рускиот тим во ритмичка гимнастика.
„Сакам да изразам благодарност до секој човек со кој имав задоволство да работам во репрезентацијата. Вашите напори и поддршка го направија искуството незаборавно“ – напиша Канаева на социјалните мрежи.
35-годишната Русинка освои златни медали во повеќебој на Олимписките игри во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година.

