Договорот на Макс Верстапен со екипата на Ред Бул во Формула 1 е валиден до крајот на 2028 година но, вклучува опции за предвремено завршување на соработката меѓу двете страни.
Како што претходно беше објавено, четирикратниот шампион ќе може да го раскине договорот во текот на летото доколку не биде меѓу првите тројца во трката за титулата.
Паралелно се појавија шпекулации дека Верстапен може да замине во Мерцедес или да направи пауза најмалку една година.

