Алеш Еспергаро се пензионираше од Мото ГП трките на крајот од минатата година и се вработи како тест возач за Априлија.
Тој потпиша и договор со велосипедскиот тим Лидл-Трек, со кој се натпреваруваше на неколку професионални трки. Сепак, овој викенд тој ќе се врати на стартната линија на Мото ГП и ќе учествува на Големата награда на Шпанија со вајлд-кард.
Пред почетокот на тркачкиот викенд во Херез, Еспергаро даде интервју во кое изјави дека во моментов се чувствува повеќе како велосипедист отколку како возач на Мото ГП.

