Директорот на Ф1 тимот на Вилијамс, Џејмс Воулс, вели дека тимот нема ресурси да ги реши проблемите со болидот оваа сезона бидејќи фокусот е веќе на болидот за 2026 година.
„Сè уште има делови во нашиот болид кои не функционираат совршено. Мислам дека нашиот болид го нема балансот каков што им е потребен на возачите, но ние сме малку ограничени во ресурсите во моментов. Она што е добро кај Карлос е што и тој и Алекс размислуваат подеднакво, така што ја имаме вистинската насока. Мислам дека има некои работи што можеме да ги спроведеме оваа сезона. Но, некои одлуки ќе не испратат во друга насока, онаа која ја подготвуваме за иднината. Мислам дека сега не можеме да го решиме проблемот со болидот, туку да направиме некои прилагодувања“, изјавил Воулс. Во досегашниот дел од сезоната возачите на Вилијамс освоија 25 поени, а тимот се наоѓа на 5. место во геренарлниот пласман.

