Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е победник на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1. Второто место го освои неговиот клупски колега Ландо Норис додека Џорџ Расел од Мерцедес го обезбеди третото место.
Австралиецот со новата победа го зголеми своето водство во генералниот пласман. Тој сега има 131 поен. На втората позиција е Норис додека Макс Верстапен го има третото место.
Наредните возбудувања во Формула 1 ќе бидат на патеката во Имола во Италија за две недели. Таму ќе биде возена трката за Големата награда на „Емилија Ромања“.

