Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, не е задоволен како се одвиваа нештата во боксот на трката во Мајами. Тој исто така не крие дека е разочаран од перформансите на болидите SF-25 и од начинот на кој доаѓаа инструкции за него и за Луис Хамилтон.
„Тешка е ситуацијата но, ќе морам да дадам здодевен одговор и нема воопшто да коментирам“ – објасни Леклерк околу размената на позициите со Хамилтон.
„Денеска видовме дека тоа не е начин да се управува со трката. Ќе разговараме со тимот за да можеме да донесеме подобри одлуки“ – рече Леклер.

