Поранешната ѕведа на НБА лигата, 64-годишниот Бајрон Скот, кој сега работи како тренер, е обвинет за силување на 15-годишна ученичка во 1987 година. Самиот Скот кој тогаш имал 26 години, наводно го посетил училиштето каде што се случил инцидентот за време на прослава спонзорирана од тимот.
Тужбата е поднесена во 2022 година, а на 1 мај судијата го откри името на обвинетиот. Според жртвата, Скот ја заклучил во помошната просторија на теретаната и ја силувал.
Поранешниот кошаркар не го негира фактот за сексуален контакт, но наведува дека мислел дека ученичката веќе имала 18 години. Во времето на инцидентот, Скот бил во својот прв брак, кој завршил со развод во 2014 година.
Жртвата бара и отштета од средното училиште „Кембел“, обвинувајќи го за занемарување на безбедноста на учениците.

