Трката за Големата награда на Франција во Ле Ман привлече рекордна посетеност за викенд од трките во Мото ГП. Тоа се случува трета година по ред.
Според организаторот, бројката на патеката достигнала 300.000 што е многу повеќе споредено со минатата година – 297.471 и во 2023 година кога беа присутни 278.805 фанови на брзините.
Ќе потсетиме дека трката за Големата награда на Франција има нов договор со -„Moto GP“ и ќе биде во календарот најмалку до 2031 година.

