Олимпискиот шампион во борење, Кајл Снајдер, еден од најуспешните во историјата на САД, бил приведен во полициска рација поради проституција, соопшти полицијата во Колумбус.
29-годишникот стана најмладиот американски борач кој освои златен медал на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година а потоа освои и сребро на Игрите во Токио.
Снајдер на минатогодишните Олимписки игри во Париз загуби во меч за бронза.

