Од денеска до недела Формула 1 возбудувањата ќе бидат на патеката Имола. Таму ќе се вози трката за Големата награда на Емилија-Ромања.
Во текот на денов ќе има две тренинг сесии, за утре е предвиден последниот тренинг и официјалните квалификации додека главниот настан ќе биде в недела во попладневните часови.
Кај возачите на лидерската позиција е Оскар Пјастри од Мекларен со 131 бод пред неговиот клупски колега Ландо Норис со 115 и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со 99 бодови. Во трка за титулата кај конструкторите на првото место е Мекларен со 246 поени пред Мерцедес со 141 и Ред Бул со 105.

