Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Верстапен најдобар на патеката „Имола“, дојде до втора сезонска победа
    Меѓународен микс

    Верстапен најдобар на патеката „Имола“, дојде до втора сезонска победа

    risteBy riste18/05/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Возачот на Ред Бул и четирикратен шампион Макс Верстапен ја забележа втората победа на седмата сезонска трка во Формула 1. Холанѓанецот имаше одлично возење на денешната трка и ја победи конкуренцијата од Мекларен во трката за Големата награда на Емилија-Ромања. Така, Ред Бул стигна до победа на својата јубилејна 400. трка во овој спорт. 

    Макс Верстапен тргна од второто место на стартот, но и покрај тоа што немаше добар старт успеа да избие на челната позиција која знаеше да ја зачува до крајот и да ја заврши трката со повеќе од шест секунди предност во однос на Ландо Норис, иако на десет круга пред крајот имаше рестарт. 

    Оскар Пиастри немаше среќа со последниот сигурносен автомобил, остана на стари гуми и заврши на третото место откако ја загуби тимската битка. И покрај лошите квалификации, возачите на Ферари, мошат да бидат задоволни затоа што Луис Хамилтон заврши четврти пред Алекс Албон, а Шарл Леклер мораше да се задоволи со шестата позиција. Бодови уште освоија Џорџ Расел, Карлос Саинц, Исак Хаџар и Јуки Цунода. 

    По трката на патеката „Имола“ Пиастри остана на водечкото место со 146 бода, но Норис ја намали разликата и има 13 помалку, додека Верстапен е третопласиран со 124. Следната трка се вози наредниот викенд по улиците на Монако.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.