Возачот на Априлија, Марко Безеки, триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија, седмата трка од овогодинешното првенство во Мото ГП.
Италијанецот ја постигна својата прва победа по 609 дена на патеката „Силверстоун“, а воедно ѝ го донесе на Априлија првиот триумф од април минатата година, кога Маверик Вињалес славеше во Остин.
Безеки профитираше од откажувањето на Фабио Квартараро на седум круга до крајот, откако водеше од самиот почеток.
На крајот, најблиску до Безеки беше Хоан Зарко на Хонда, додека возачот на Дукати, Марк Маркез, заврши на третото место на подиумот.

