Европската ракометна федерација денеска потврди дека започнува дисциплинска постапка против Алкалоид и АЕК Атина. Во соопштението се наведува дека случајот е проследен до надлежните правни тела.
Во истрагата се наведени дистрибуцијата на билети за гостинските навивачи од страна на РК Алкалоид како и одлуката на грчкиот тим да не го одигра мечот.
„Секој клуб е повикан да даде официјална изјава и објаснување за своите постапки. Текот на понатамошната постапка ќе зависи од добиените информации и ќе биде воден од судските органи на ЕХФ“ – стои во објавата.

