Советникот на Ред Бул во Формула 1, д-р Хелмут Марко, се насочи кон претстојното Гран При на Шпанија.
„Се надеваме дека ќе бидеме побрзи во Барселона. Квалификациите таму се многу значајни бидејќи престигнувањето е тешко. Доколку останете без квалитетни гуми, лесно може да ве поминат на рамните делови“ – рече Марко.
„Сакам да видам како ќе се одразат новите технички директиви на болидите на Мекларен“ – рече Хелмут Марко.

