Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, потенцира дека не се гледа како еден од фаворитите за освојување на титулата во тековниот шампионат во Формула 1.
„ Само се обидувам да дадам се од мене и да се насладувам во тркањето. Ќе бев многу посреќен ако знаев дека ќе бидеме многу брзи“ – рече Холанѓанецот.
„ Досега во сезонава имаше само неколку многу добри моменти бидејќи во одредени трки бевме многу зад конкурентите во однос на брзината“ – рече Верстапен.

