Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, верува дека на трката за Големата награда на Шпанија ќе има вистинска конкуренција во Макс Верстапен со неговиот Ред Бул.
„Мислам дека Ред Бул ќе бидат брзи во Барселона. Макс и Ред Бул обично се брзи на такви патеки“ – вели Пјастри.
„Мислам дека ќе бидат во конкуренција за првите места. Да видиме дали ќе има и други конкуренти покрај Ред Бул“ – нагласи возачот на Мекларен.

