Лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, Оскар Пјастри ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Шпанија.
Второто место во квалификациите му припадна на неговиот колега од Мекларен, Ландо Норис а третото на Макс Верстапен иако имаше идентичен резултат со Џорџ Расел. Холанѓанецот доби предност бидејќи прв го постави времето.
Во топ десет утре на стартот ќе бидат и Луис Хамилтон (Ферари), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алпин), Исак Хаџар (Рејсинг Булс) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

