Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Пјастри и Норис со двојна победа за Мекларен во Шпанија
    Меѓународен микс

    Пјастри и Норис со двојна победа за Мекларен во Шпанија

    risteBy riste01/06/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Оскар Пјастри забележа уште една победа оваа сезона и донесе двојна радост на Мекларен со успехот на Големата награда на Шпанија на патеката Каталунија (Барселона).

    Ландо Норис заврши втор, додека Шарл Леклерк од Ферари ја зазеде последната позиција на подиумот откако го престигна Макс Верстапен по рестартот на трката. Холанѓанецот го изгуби темпото по грешката и контактот со Џорџ Расел, што го лиши од подиум.

    Стратешките одлуки на Ред Бул со тврдите гуми на Верстапен не се покажаа како успешни, додека Мекларен доминираше со меки гуми и стабилно возење. Проблемите на Верстапен продолжија и по завршувањето на трката кога стана јасно дека ќе биде казнет и на крајот заврши на десеттата позиција.

    Бодови освоија уште Џорџ Расел, Нико Хулкенберг, Луис Хамилтон, Хаџар, Гасли, Алонсо и Верстапен. Пјастри е водечки во шампионатот во 161, пред Норис со 158 и Верстапен со 136 бода

    Следната трка од Ф1 шампионатот се вози за ГН на Канада од 13-16 јуни.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.