Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го совлада Еурофарм Пелистер за 17-та титула во Куот на Македонија
    Ракомет

    Вардар го совлада Еурофарм Пелистер за 17-та титула во Куот на Македонија

    risteBy riste01/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар 1961 по седумнаесетти пат во клупската историја го освоија Купот на Македонија, откако во финалето го совладаа Еурофарм Пелистер со 31:27 (17:14).

    Вардар стигна до победа во финалето кое се одигра во Охрид сосема заслужено зато ашто имаа предност од почеток до крај на оваа средба. Откако поведоа со 1:0, Е.Пелистер успеа да израмни на 1:1, а потоа следуваше водство на Вардар од 3:1 кое подоцна беше и 7:2, за на момент Еурофарм Пелистер да се врати на негатива од -1 (7:6).

    Вардар возврати со одлилна игра во вториот дел од првото полувреме кога направи предност од 15:11, за на одмор се замине со предност од 17:14.

    Вториот дел започна со сигурна игра на Вардар кој ја зголемуваше предност акој дојде до +5 (21:16), а оваа предност ја одржуваше долго во вториот дел. Еурофарм Пелистер двапати се закани и намали на -3 (28:25 и 29:26), но тоа беше се што можеа да направат против одлчи поставените ракометари на Вардар кој знаеја да го однесат натпреварот во сигурни води во самиот финиш и да завршат со победа од 31:27.

    Богдан Радивојевиќ од Еурофарм Пелистер беше најефикасен играч на натпреварот со осум реализации, додека кај Вардар одлични со по шест гола беа Томислав Јагуриновски и Младен Крсманчиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.