Ракометарите на Вардар 1961 по седумнаесетти пат во клупската историја го освоија Купот на Македонија, откако во финалето го совладаа Еурофарм Пелистер со 31:27 (17:14).
Вардар стигна до победа во финалето кое се одигра во Охрид сосема заслужено зато ашто имаа предност од почеток до крај на оваа средба. Откако поведоа со 1:0, Е.Пелистер успеа да израмни на 1:1, а потоа следуваше водство на Вардар од 3:1 кое подоцна беше и 7:2, за на момент Еурофарм Пелистер да се врати на негатива од -1 (7:6).
Вардар возврати со одлилна игра во вториот дел од првото полувреме кога направи предност од 15:11, за на одмор се замине со предност од 17:14.
Вториот дел започна со сигурна игра на Вардар кој ја зголемуваше предност акој дојде до +5 (21:16), а оваа предност ја одржуваше долго во вториот дел. Еурофарм Пелистер двапати се закани и намали на -3 (28:25 и 29:26), но тоа беше се што можеа да направат против одлчи поставените ракометари на Вардар кој знаеја да го однесат натпреварот во сигурни води во самиот финиш и да завршат со победа од 31:27.
Богдан Радивојевиќ од Еурофарм Пелистер беше најефикасен играч на натпреварот со осум реализации, додека кај Вардар одлични со по шест гола беа Томислав Јагуриновски и Младен Крсманчиќ.

