Раководството на АБА лигата одлучи да ја казни Црвена Ѕзвезда поради тоа што не се појави за натпреварот од 13 коло во Подгорица, кај Бидуќност.
„Црвено-белите“ одбија да патуваат во Црна Гора, поради тоа што не им беше „гарантирана“ безбедноста, со оглед на протестите кои беа во градот. Оваа санкцијата се очекуваше, но се чекаше официјална потврда.
Будуќност „службено“ го доби дуелот со 20:0, но плус на тоа Црвена Ѕвезда загуби и еден бод. Дополнително екипата од Белград ќе мора да платат казна од 20.000 евра на АБА. Финансиска загуба за црвено-белите ќе биде и плаќањето на трошоците за организација на мечот иако требаше да бидат гости.