Она што можеше да се очекува се случи денес, а тоа е ставање на крај на сезоната во АБА-лига. Оваа одлука доаѓа откако Евролига пред некој ден го стори истото.
Тешко можеше да дојде до продолжување на сезоната бидејќи најголемиот дел од странците во клубовите си заминаа во своите дрзави, а дел од нив и добија раскин на договорите по прекинот на сезоната. Според информации кои доаѓаат од видео-конференцијата на членовите на јадранското натпреварување, нема да има испаѓање, но затоа пак во новата сезона лигата ќе влезат два нов клуба од АБА 2-лига.
Најверојатно тоа ќе бидат првите два пласирани тима. Регуларниот дел на првото место го заврши Борац Чакак пред Сплит, додека МЗТ Скопје Аеродром заврши на трето место и ова ќе биде лоша вест за нашата екипа.