ГРК Охрид денеска го објави потпишувањето на договорот со уште едно ново име кое доаѓа во клубот од Охрид.
Французинот Адама Кеита потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Игра на позицијата лево крило, има 28 години (186 cm) и ќе ја облече деветката во сино-белиот дрес.
Доаѓа од тимот на АЕК (Грција), а пред тоа цели 8 сезони го носеше дресот на гигантот ПСЖ (Франција) со кој има многу освоени титули. Има настапи за сите младински категории за националниот тим на Франција и освоен бронзен медал на светското јуниорско првенство 2017.
“Започнува ново поглавје за мене.
Горд сум што му се приклучувам на ГРК Охрид и што ја започнувам оваа нова авантура во Македонија. Му благодарам на клубот за довербата што ми ја укажа.
Доаѓам со голема желба, амбиција и волја да го дадам максимумот на теренот за боите на клубот.
Со нетрпение очекувам да започнам и да се запознаам со нашите навивачи” – изјави Адама Кеита.

