Бам Адебајо ќе остане во редовите на Мајами и во наредните 5 години откако се согласи да ја продолжи соработката со нови поповолни услови пред се од финансиска гледна точка.
23-годишниот кошаркар во наредниот период може да инкасира околу 195 милиони милиони долари вклучувајќи ги предвидените бонуси.
Тие се однесуваат на неговиот ефект или доколку во 2021 година успее да влезе во топ 5 во НБА лигата, доколку биде прогласен за најдобар одбранбен или најкорисен играч, тогаш ќе стигне до максимална заработувачка.

