Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Актуелниот против поранешниот европски шампион, Вардар го пречекува Монпеље
    Ракомет

    Актуелниот против поранешниот европски шампион, Вардар го пречекува Монпеље

    risteBy riste27/02/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вардар го очекува последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите, в сабота (17:30 часот) во Скопје го пречекува Монпеље, во мечот во кој ќе се обиде да дојде до 5. место на табелата во групата Б во Лигата на шампионите. Во таборот на Вардар се соочуваат со многу проблеми пред оваа средба, а на денешната прес-конференција за тоа зборуваше и тренерот Стевче Алушовски.

    „Не очекува тежок натпревар. Нашата примарната цел беше пласман во Топ-16 и ја остваривме на претходниот меч со Мотор Запорожје. Ќе се обидеме да победиме. Ние сме Европски шампиони, играме пред домашна публика, мотивацијата не недостига, но имаме проблеми со ростерот. Тројца играчи неделава боледуваа од вироза, беше тешко да направиме тренинг, тоа нема да биде изговор и оправдување. Што се однесува до противникот, направивме анализа, но немаме доволно квалитетни опции за одбрана 6-0, па ќе се обидеме нешто со 5-1 и ќе се бориме максимално за секоја топка. Само така така може да се надеваме на победа. Нема да излеземе со бело знаме, но краткиот ростер и многуте здравствени проблеми се тие кои ставаат во тешка ситуација“, истакна Алушовски на денешната прес-конференција.

    Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, досега никогаш не му дал на противникот да биде „апсолутен фаворит“ кога играле во својата сала и пред својата публика. Сепак моменталната ситуација во редовите на неговата екипа го натера да му ја даде фаворитската улога на противникот.

    „Ситуацијата е таква каква што е. Монпеље е апсолутен фаворит на оваа средба, а наше е да дадеме сè од себе и да пробаме да ги изненадиме“, кратко изјави капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Тренер натепал млад ракометар, таткото го пријавил во полиција

    06/06/2023

    Еурофарм Пелистер го донесе првото засилување, во Битола доаѓа Нејц Цехте

    02/06/2023

    Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари

    29/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Белингам стана најскапиот англиски фудбалер
    • Џуд Белингам е нов член на Реал Мадрид
    • Костов ќе ги води пелистерци во наредната сезона
    • Ивановски и Србљак влегоа во второто коло
    • Астон Мартин ќе се појави со подобар болид
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.