Македонскиот ракометен тим Алкалоид успеа да се пласира во финалето на Европскиот куп откако го одигра реваншот со норвешки Рунар Сандефјорд на кој дојде со пет гола позитива, а патникот во финалето го решија пенали.
Норвежаните во регуларниот дел победија со 34:29, тоа донесе седмерци во кои поуспешен беше Алкалоид кој даде три пенали, наспроти противникот кој промаши три.
Алкалоид лошо го започна натпреварот и уште на стартот Рунар имаше предност од 6:1, сепак подоцна ја стабилизираа играта и намалија на -4 на полувреме (19:15).
Во вториот дел Рунар константно имаше предност од 4-5 гола разлика, а во еден момент Алкалоид намали на 25:23, односно 28:26, за во финишот домашната екипа повторно дојде до +5. Рунар водеше со 34:28, а голот на Мартин Ивановски го однесе Алталоид во пенал серијата.
Во пенал серијата Рунар промаши три седмерци, а за Алкалоид погодија Серафимов, Митев и Петковски.

