Ракометарите на Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја отворат в среда на теренот на Мешков Брест од 18.45 часот. Пред заминувањето за Белорусија, тренерот на нашиот состав, Стевче Алушовски, вели дека ќе треба да се одигра добро во нападот за да се оствари целта.
„Натпреварот со Мешков е прв во низата во Лигата на шампионите. Имавме големи проблеми на натпреварите, пред се во играта во напад но, задоволен сум од тоа како сме подготовени. Мешков ни е стар познаник, со доаѓањето на Скубе, тие добија на квалитет и ја имаат благата фаворитска улога“ – вели Алушовски.
Ќе потсетиме дека во новата сезона во елитата на Европа сите мечеви ќе бидат реализирани од понеделник до петок. Нема да има средби во текот на викендот.