Тренерот на ракометарите на Вардар, Стевче Алушовски, потенцира дека ПИК Сегед иако имаше слаби резулатти во првиот дел од сезоната останува меѓу кандидатите за место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.
„Имаме уште два дена да се подготвиме. Се надевам дека играчите ќе го исполнат тоа што ќе го договориме. Оптимист сум, сакам да се претставиме во добро светло и да видиме до каде сме“ – вели стратегот на Вардарци.
„Не смее да ни се повторат почетничките грешки од мечот со Порто, кои нѐ чинеа два бода“ – изјави Алушовски в пресрет на дуелот со Унгарците кој ќе биде реалзиран в недела од 18.00 часот во Скопје.