Нашиот ракометен стратег, Стевче Алушовски, ќе остане во исландскиот клуб Тор уште три години или до крајот на сезоната 2024/2025 година.
Поранешниот репрезентативец кој седеше и на кормилото на Еурофарм Пелистер и на Вардар, успеа со екипата на Тор да влезе во елитната конкуренција на Исланд.
Ќе потсетиме дека Тор неодаман го напушти македонскиот репрезентативец Јагуриновски кој потпиша за Пролет.

