Ракометарите на Еурофарм работник в недела од 17.00 часот во салата –„Боро Чурлевски“ во Битола ќе се обидат да ги прокнижат првите бодови во Лигата на шампионите.
Противник на нашиот состав ќе му биде финскиот Кокс. Тренерот на битолчани, Стевче Алушовски, вели дека неговите ракометари се изморени по серијата патувања и настапи како во ЛШ така и во СЕХА конкуренцијата, но, дека се надеваат дека ќе ја забележат првата историска победа во елитната конкуренција.
„Повредени се Маркоски, Стјепановиќ и Јотиќ и без нив ќе биде исклучително тешко да се игра. Кокс е екипата која три години игра заедно и не смееме да ги потцениме, ниту да ги прецениме. Лани го изненадија Фленсбург и тоа треба да ни биде предупредување. Не сакам да звучам песимистички, ама сум претпазлив сум поради заморот, повредите и патувањата“ нагласи Алушовски.