Алушовски ќе остане само до крајот на сезоната

0

Тренерот на ракометарите на Вардар, Стевче Алушовски, ќе ги напушти „црвено-црните“ откако ќе заврши сезоната.

Тој дојде во таборот на скопјани во финишот на 2019 година на местото на Едуард Кокшаров. Алушовски до крајот на сезоната ќе се обиде да дојде до пехарите во СЕХА, домашното првенство и Купот на Македонија откако тимот беше елиминиран од Лигата на шампионите по дуелите со унгарскиот Веспрем.

Претходно се појавија информации дека од наредната сезона кормилото на Вардар ќе го преземе миленикот на „комитите“, Веселин Вујовиќ, кој најави дека ќе го напушти  Борац Бања Лука.

Share.

Leave A Reply