По две недели откако тимот тренира во Скопје тренерот Стевче Алушовски одбра кои ракометари ќе останат да тренираат со првиот тим на Вардар 1961. Тие продолжуваат со подготовките во Скопје и планирано е да настапат на турнир во Струга од 12 до 16 август.
Алушовски реши со првиот тим да тренираа Мартин Карапалевски, Давид Гашоски и Давид Савревски. Другите ќе бидат отстапени во тимот на Работнички каде тренер ќе биде Стојан Петрушевски.
Таму уште ќе играат: Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и Давид Савревски. Младиот Савревски ќе тренира со првиот тим на Вардар, а ќе настапува за Работнички.
Во сезоната 2020/2021 тимот на Вардар 1961 ќе го сочинуваат:
ГОЛМАНИ
Борко Ристовски
Робин Кантагрел
Марко Кизиќ
ПИВОТМЕНИ
Стојанче Стоилов
Глеб Калараш
Давид Гашоски
Патрик Валчак
КРИЛА
Димитар Димитриоски
Тимур Дибиров
Гоце Георгиевски
Иван Чупиќ
БЕКОВИ
Мартин Карапалевски
Кристијан Дисингер
Филип Талески
Анте Гаџа
Томислав Јагуриновски
Марко Вујин
Јосип Векиќ
Давид Савревски
Ловро Јотиќ
Марко Мишевски
По откажувањето на настапот на турнирот во Кањижа, останува да се игра на турнирот во Струга. Се разговара за одигрување на уште неколку конролни средби, со цел да се биде темпирана формата за 29 август кога во Скопје би требало да гостува Нексе.
Тој натпревар е закажан од страна на СЕХА лига, како реванш четвртфинален од минатата сезона. На првиот меч Вардар 1961 победи со 31-30. Победникот од овој дуел треба да настапи на завршниот Ф4 турнир во Задар планиран за почетокот на септември.