На прес-конференцијата по натпреварот со Монпеље, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски го потврди она што се најавуваше изминатите денови, а се однесува за два нови трансфери во редовите на македонскиот и европски шампион.
Од понеделинк нови членови на Вардар ќе бидат репрезентативниот голман Борко Ристовски и младиот репрезентативец Марко Мишевски.
„Од понеделник ќе ги имаме во нашите редови Ристовски и Мишевски. Се надевам дека тие ќе ја донесат потребната свежина и дека ќе ни бидат од голема помош. Доколку не се случи чудо , тоа се играчите со кои ќе треба да играме во продолжение од сезионата“, изјави Алушовски.
Двајцата новајлии сигурно ќе бидат од голема корист најнапред за мечевите во СЕХА и во Лигата на шампионите, а потоа и во домашниот шампионат, каде Вардар треба да ја брани титулата од минатата година.

