Судбината на најголемиот дел од играчите на Вардар во „црвено-црниот“ дрес ќе зависи од тоа колкав ќе биде буџетот на клубот и дали ќе се најде заеднички јазик со новата управа на клубот која е во фаза на формирање на буџетот, а со то аи формирањето на ростерот на играчи кои ќе го носат дресот на Вардар наредната сезона.
Многу детали за идните планови и актуелните информации во РК Вардар од разговорот кој го направивме на програмата на Спортско рдаио 90,3 ФМ со тренерот Стевче Алушовски, во кој тој збориваше за неговите желби и очекувања.
„Оваа група на играчи која досега настапуваше за Вардар и изминатите три години двапати ја освојуваше Лигата на шампионите би било штета да не остане и понатаму заедно. Тоа се играчи кои се пред се големи луѓе и играчи и штета би било кој и да замине од нив затоа што таа група на играчи има едно заедништво и еден победнички карактер кој е за секаков респект. Јас во неколку наврати кажав дека сакам да останат сите кои беа дел од овој Вардар кој ја заврши сезоната, нормално дека условите кои што беа ќе бидат намалени, секој треба да биде задоволен и со задоволство да сака да настапува во дресот на Вардар“ истакна тренерот Стевче Алушовски во дел интервјуто во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ..

