Плејмејкерот на Макаби Лоренцо Браун може да игра за Шпанија на Евробаскет 2022 како натурализиран играч.
Браун денеска доби шпанско државјанство.
31-годишниот Американец ја помина сезоната 2021/22 во УНИКС. Во Евролигата, тој имаше просек од 13,8 поени, 6,1 асистенции и 3,6 скока по натпревар.
Се окчекува Скариоло да го земе во шпанската репрезентација на местото на повредениот Рубио.