Женската кошаркарска репрезентација на Америка го освои седмото злато во низа на Олимписките игри. Во финалето САД беше подобар од домаќинот на овие Игри, Јапонија со убедливи 90-75.
Бронзениот медал и припадна на Франција, која ја совлада Србија со 91-76. На овој начин и се одмазди за поразот во Рио 2016 исто во битката за третото место.