На кошаркарот на Анадолу Ефес, Родриге Бобоа, му беше дијагностицирано делумно кинење на мускул во пределот на потколеницата и ќе биде принуден да пропушти најмалку шест недели од кошаркарските терени.
Анадолу Ефес со тоа го загуби еден од клучните играчи во тимот за најважниот дел од сезоната.
Повредата на Бобоа дојде додека се обидуваше брзо да се врати во одбрана на мечот со Црвена звезда во Белград.

