Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранислав Ангеловски пре дуелот со ПСЖ смета дека доаѓањето мечот ќе биде своевиден ракометен празник во градот на Конзулите.
„В среда треба да биде празник на ракометот во нашиот град. Доаѓа една од најдобрите екипи, со најдобрите ракометари и не можевме да посакаме подобар тајминг. Доаѓаат по успесите на Европското првенство. Кај нас ќе гостува Никола Карабатиќ за кого е ова последната играчка сезона и посебно ми е драго за тоа. Лигата на шампионите е секоја година се посилна, а ПСЖ е сигурно еден од фаворитите. Имаат одлична екипа, играат брза транзиција, брза полуконтра и организиран брз центар“, вели Ангеловски.
Натпреварот кој се игра во салата „Боро Чурлевски“ стартува в среда од 18.45 часот