Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Антиќ: Кошарката е во подем, мора да создадеме подобри услови за работа
    Кошарка

    Антиќ: Кошарката е во подем, мора да создадеме подобри услови за работа

    sasoBy saso29/03/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Откако ја доби довербата на делегатите и повторно беше избран за прв човек на македонската кошарка, претседателот Перо Антиќ потенцираше дека во новиот мандат целта е да се работи подобро од претходниот и да се задржи подемот на мак-баскетот кој е присутен, посебно кај сениорскиот тим.

    „Ние не гледаме на годините и на мандатите, сакаме само да работиме и да продолжиме да создаваме услови. На стартот на првиот мандат имавме проблеми со коронавирузот, но сега сме на нозе, поискусни и знаеме на каде се движиме. Кошарката е во подем, ние мора да создадеме подобри услови и на тоа работиме. Секако, создавање на подобри услови за развој на младите. Младите се број еден и на сите треба да се концентрираме. Исто и во А-репрезентацијата гледаме да имаме што е можно помлади играчи, да не чекаме да наполнат 30 години, па да ги вклучуваме. Сакаме да им дадеме шанса на сите таленти да покажат што можат. Смената на генерации некогаш е неминовна. Така беше со нас по таа 2011 година во Литванија. И мора да имаме трпение со новите момци. Тие се оние кои треба да ги чекаме и тие ќе бидат нашата иднина. Сакаме да имаме што е можно млади играчи кои десет до петнаесет години ќе бидат заедно во националниот тим. Ќе истрпиме дури и некои резултатски порази, но тоа ќе биде една школа за сите нив“, вели Антиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    30 години од смртта на кошаркарскиот Моцарт

    07/06/2023

    Атанасов најмлад тренер кој ја освоил титулата, Дамјан славеше по осмипат

    05/06/2023

    Мајами израмни во финалето против Денвер

    05/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Здравков: Брегалница покажа квалитет, имаме големи мотиви и за следната сезона
    • Гасперини останува во Аталанта и следната сезона
    • Состојбата на Рико и натаму е сериозна
    • 30 години од смртта на кошаркарскиот Моцарт
    • Јувентус преговара со Реал за Лукас Васкез
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.