Кошаркарската репрезентација на Аргентина е нов шампион на Америка. „Гаучосите“ го совладаа домаќинот Бразил со 75:73 и го освоија Америкупот, односно континенталното првенство на Северна, Централна и Јужна Америка. Ова е нивна трета шампионска титула во Америка, а прва од 2011 година.
Во мечот за третото место, селекцијата на САД беше подобра од Канада со 84:80 и го освои деветиот медал на Америкупот, но прв бронзен. Двете репрезентации на Америкупот настапија без НБА ѕвездите.