Кошаркарите на Аргентина први обезбедија место во 1 / 2 финалето на Светското првенство во Кина откако успеаа да ја совладаат селекцијата на Србија со 97 спрема 87.
Со тоа четата на Александар Ѓорѓевиќ, која се вбројуваше меѓу главните фаворити за медал, неочекувано беше запрена уште во четвртфиналната фаза. „Гаучосите“ денеска предводени од Скола кој постигна 20 кошеви и Кампацо кој застана на 18 поени, одлично го отворија дуелот и континуирано имаа предност. Во селекцијата на Србија во поглед на реализација се одвоија Богдановиќ со 21 кош и Бјелица кој постигна 18.
Аргентина во полу-финалето ќе се сретне со победникот од утрешниот дуел меѓу САД и Франција.