Екипата на Торонто која настапува во НХЛ лигата, објави дека Макс Пациорети поради повреда ќе отсуствува извесен период од замрзнатите терени. 35-годишниот хокеар доживеа повреда на ногата на мечот со Монтреал. Тестовите покажале дека не се работи за скршеница. Тој во тековнава сезона има два гола и четири асистенции на вкупно 13 натпревари. Бројките велат дека Пациорети кој цели 17 сезони игра во НХЛ, има вкупно 332 гола и 342 асистенции.
Author: dino
Челниците на Баерн Минхен имаат намера да ја прекинат соработката со фудбалерот, Ерик Даер, кој беше купен од Тотенхем, велат денешените информации во медиумите. Англискиот играч за врска нема да добие понуда за нов договор. Тој се појави на седум мечеви како стартер а на седумнаесет влезе од клупата за резерви. Неговиот договор со германскиот состав ќе истече на крајот на сезоната. Даер во јануари ќе можен да преговара со други клубови за евентуален трансфер.
Жорди Алба не е задоволен од плеј-оф системот во американската МЛС фудбалска лига откако неговиот тим Интер Мајами, беше елиминиран уште во првото коло од Атланта Јунајтед. Интернационалецот од Шпанија вели дека станува збор за долгогодишна традиција но, дека треба да се менува. „Да беше до мене, би направил шампионот на едната конференција да игра против најдобриот од другата“ – беа зборовите на дефанзивецот. Тој му се приклучи на тимот во 2023 година и во првата сезона одигра 28 натпревари.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Никола Серафимов, проговори за мечевите со Летонија (четврток) и Фарски Острови (недела) во завршните две кола во Лигата на нациите. „Ова е последен собир за годинава, мислам дека досега сè што планиравме, го остваривме, се надевам дека така ќе биде и сега . По мечот во Фарски Отрови променивме некои работи и мислам дека сме на добар пат. Нема да ги потцениме двата противника, но нашата цел е да оствариме две победи“ – вели Серафимов. „Фарски Острови имаат нивна игра, ја препуштаат иницијативата и опасни се од контранапади и прекини. Летонија има одлични играчи во средината на…
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека првотимците Букајо Сака и Даклан Рајс се повредени. „Не ми изгледа добро. Двајцата ми кажаа дека не можат да продолжат и тоа очигледно не се добри вести“ – изјави Артета со потврда дека Сака и Рајс ќе продолжат со терапија во Лондон. „Топчиите“ по кратката пауза поради настапите на репрезентациите ќе треба да играат со Нотингем Форест , Спортинг Лисабон (ЛШ), Вест Хем и Манчестер Јунајтед.
Роберто Манчини и Паоло Соуса се главните кандидати да го заменат Иван Јуриќ на клупата на фудбалскиот состав Рома, наведуваат дел од медиумите. Хрватскиот стратег заработи отказ по серијата лоши резултати а челниците на тимот експресно се обидуваат да пронајдат негова замена. Статистиката вели дека Јуриќ е најлошиот тренер во последниве 20 години што седел на клупата на „римската волчица“ гледано според резултатите.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, беше разочаран по ремито во дербито со Наполи. Тој процени дека неговиот тим бил подобар. „ Ако некој требаше да победи, тоа бевме ние. Во второто полувреме доминиравме на теренот. Примивме гол од статична ситуација“ – вели Инзаги. „Погодивме две пречки, пропуштивме и пенал, не гледам што повеќе можевме да направиме“ – изјави Инзаги.
Лејкерси ја извојуваа шестата сезонска победа на мечот со Торонто а Леброн Џејмс постигна трипл-дабл – 19 поени, 10 скока и 16 асистенции за 35 минути. Кошаркарот кој има 40 години, стана највозрасниот играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл на два меча во серија. Џејмс на претходната средба со Филаделфија успеа да реализра21 поен, 12 скока и 13 асистенции.
Шпанските медиуми денеска објавија дека Рел Мадрид сака да го ангажира дефанзивецот Јонатан Та од Баер Леверкузен. Корпулентниот фудбалер треба да биде замена за повредениот Милитао. На „Сантијаго Бернабеу“ го планираат и 18-годишниот Витор Реис од Палмеирас како и 21-годишниот Валентин Гомез од Велез Сарсфилд. Фаворит останува и Лапорте и покрај неговата висока нето плата од 8 милиони евра по сезона во Ал-Насер.
Луѓето од Интер се заинтересирани за 23-годишниот фудбалер од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез . Тој во сезонава се појави на 13 натпревари на кои направи само една асистенција. Неговиот договор е активен до 2032 година а неговата траснферна вредност се проценува на големи 75 милиони евра. Во меѓувреме, Фернандез не крие дека не е задоволен од ситуацијата кај „сините“ и дека има намера да си замине.
