Author: dino

Англиските медиуми ја објавија листата на фудбалери што имаат најголеми примања во Премиер лигата. Во топ 10 сосема очекувано најмногу играчи има актуелниот шампион на Англија Манчестер Сити. Листата ја предводат Де Бруин (Манчестер Сити) – 24,79 милиони евра и Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 23,24. На истата се ставени и Касемиро (Манчестер Јунајтед) – 21,69, Салах (Ливерпул) – 21,69, Стерлинг (Челзи/Арсенал) – 20,14, Бернардо Силва (Манчестер Сити) – 18,59, Џек Грилиш (Манчестер Сити) – 18,59 милиони Рашфорд (Манчестер Јунајтед) – 18,59, Хаверц (Арсенал) – 17,35 и Габриел Жесус (Арсенал) – 16,42 милиони евра.

Read More

Младиот фудбалер на Челзи, Беноа Бадијашил, изрази желба да остане во англискиот елитен фудбалски клуб, наведуваат медиумите во земјата. Тој во 2023 година беше купен од Монако за 35 милиони фунти но, не успеа да се наметне во дресот на „сините“. „Црномуретсиот фудбалер во сезонава има одиграно само еден меч во Премиер-лигата. Бафијашил може да игра како стопер или како лев бек. Тој  е дел од француската фудбалска репрезентација.

Read More

Кошаркарот, Андре Роберсон, веројатно ќе дебитира во Евролигата. Американецот кој има 32 години и 201 сантиметар, може да потпише договор со екипата на Вилербан. Тој има реализирано 7 сезони во НБА. Цели шест години ги помина во Оклахома додека една сезона настапуваше за тимот на Бруклин. Кошаркарот од САД сега за прв пат ќе има можност да настапи во најсилната лига во Европа.

Read More

Првиот човек на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, ги негираше гласините дека размислува за ангажирање на Карлос Саинц кој наводно би можел да го замени Серхио Перез и покрај потпишаниот договор со британскиот тим за следната сезона. „Секогаш има многу гласини во Формула 1. Тој е одличен возач и неодамна имаше голема победа во Мексико и мислам дека ќе биде вистинскиот возач за тимот“ – вели Хорнер. „Дали размислувам за Саинц? Не, тоа не е во нашите планови“ – изјави Хорнер.

Read More

Фудбалерот, Килијан Мбапе, проценил дека ја нема вистинската улога на теренот во дресот на Реал Мадрид. Според наведеното, Французинот не е задоволен што игра како централен напаѓач за „кралевите“. Тој е убеден дека ќе постигне повеќе голови доколку биде искористен по страничната позиција. Мбапе кој дојде во Реал Мадрид пред почетокот на сезонава, на 15 натпревари успеа да постигне осум голови и да направи две асистенции.

Read More
NBA

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, ја оцени играта на Клеј Томпсон кој полека се адаптира во дресот на Маверикс. „ Не е толку лесно веднаш да играте со нов кошаркар. Ни требаше време да се разбереме со Ирвин а сега сме тројца во тимот, ќе ни треба време“ – потенцираше играчот од Словенија. Томпсон кој во текот на летото дојде во екипата на Далас, ја започна сезоната со просек од 14,5 поени и 3,5 скока.

Read More

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, не го криеше задоволството по триумфот против Арсенал со 1-0 во рамките на 4 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Според него, таквите победи се важни во битката за подобар пласман и продолжување во елиминацискиот дел. „Најдоброто нешто во овој натпревар се трите бода а потоа доаѓа тимскиот дух и желбата за победа што ги покажавме на теренот“ – вели Мартинез. „ Овие натпревари се важни за пласманот. Не примивме гол што е позитивно. Сакаме да одиме напред “ – вели Аргентинецот.

Read More

Македонските ракометари со победа го отворија новиот циклус квалификации за пласман на Европското првенство во 2026 кое ќе се одржи во три земји – Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот, Кире Лазаров, успеаја да ја совладаат селекцијата на Естонија со 37:33 откако првиот дел заврши нерешено 20:20. На дуелот одигран во СЦ Борис Трајковски, решавачки беа вторите 30-минути во кои нашите ракометари одиграа многу подобро во одбраната и сосема заслужено ги прокнижија првите бодови во групата во која се уште Словенија и Литванија. Во нашиот состав Серафимов постигна десет голови додека Митев и Кузмановски застанаа на седум. Кај гостите…

Read More

Индија го информираше Интернационалниот олимписки комитет дека сака да биде домаќин на Летните олимписки и параолимписки игри во 2036 година. Претходно тоа во неколку наврати го најави и премиерот, Нарендра Моди. Тој изрази надеж дека Игрите ќе помогнат за  економски раст, социјален напредок и зголемени можности за младите во земјата. Претходно Мексико, Индонезија и Полска, поднесоа кандидатури за домаќини на Олимпијадата во 2036 година.

Read More

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз се врати во тимот за натпреварот од Лигата на шампионите против францускиот Лил. Четворица фудбалери на Јувентус ќе го пропуштат претстојниот меч, тоа се суспендираниот Данило и повредените Аркадиуш Милик, Глеисон Бремер и Нико Гонзалес. Франциско Консеисао се очекува да се врати во стартните 11 против Лил. Прашање е дали Кенан Јилдиз или Тимоти Веа ќе бидат исто така стартери.

Read More