Author: dino

Фудбалската федерација на Македонија денеска потврди дека членови на Управниот одбор испратиле допис до првиот човек Муамед Сејдини за свикување на итна седница. -Фудбалската федерација на Македонија ја известува јавноста дека денеска (31. октомври 2024) се пристигнати дописи до претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со кои дел од членовите на Управниот одбор на ФФМ бараат закажување на итна седница. Согласно Статутот на ФФМ, претсетателот на ФФМ има обврска да свика седница во рок од 21 ден од денот на приемот на барањето за свикување на седница на Управен одбор. Во спротивно, членовите на Управниот одбор имаат право седницата да ја…

Read More

Голманот на Мајнц, Робин Зентер, го обвини голгетерот на Баерн (Минхен), Хари Кејн, дека намерно го удрил на вчерашниот меч во Купот на Германија. Инцидентот се случи во 15. минута кога Англичанецот во обид да дојде до топката го удри во глава голманот на домаќините. „Кејн рано увиде дека нема да може да дојде до топката и можеше да остане на страна“ – рече Зентнер кој по лекарската интервенција остана на теренот.

Read More

Реал Мадрид има намера да го обнови договорот со фудбалерот, Винисиус Жуниор. Актуелниот на крилниот напаѓач е до летото во 2027 година. „Белите“  стапиле во контакт со агентите на играчот пред неколку месеци но, се уште немаат започнато конкретни преговори. Самиот Винисиус одговори дека не сака да брза и дека го чека најпогодниот момент за да преговара за нов договор. Од друга страна, клупските шефови веруваат дека Бразилецот заслужува подобри услови иако е меѓу најплатените во клубот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, по вчерашното реми со Парма во 8 коло во италијанскиот елитен шампионат, вели дека на неговиот тим му недостасува рамнотежа на теренот. „Треба да играме поагресивно. Дозволивме Парма да создаде многу шанси преку контра-напади. Сакаме да го наметнеме нашиот стил“ – вели тренерот на „старата дама“. „Направивме технички грешки а Парма само чекаше да не казни. Мораме да бидеме максимално активни во обидот да ја вратиме топката“ – нагласи Мота.

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се соочува со големи проблеми во ростерот откако Аканџи, Рубен Дијаз и Савињо, се соочуваат со повреди. „Имаме само 13 здрави фудбалери, тоа е навистина огромен проблем. Во девет години колку што сум тука, никогаш не сум се нашол во ваква ситуација“ – изјави Шпанецот. Познато е дека во амбулантата на „граѓаните“ се и Родри (ја заврши сезоната), Кајл Вокер, Кевин де Бруин, Оскар Боб, Џереми Доку и Џек Грилиш. Дел од нив ќе се вратат на терените дури на крајот на наредниот месец.

Read More

Хокеарскиот состав на Торонто го ангажираше одбранбениот играч, Мет ​​Бенинг од Сан Хозе. Во спротивна насока замина, Тимоти Лингрен. Со таа размена на хокеари,  „ајкулите“ добија два избора од третата рунда на драфтот во 2025 година а Торонто доби опција за претходен избор. Бенинг во досегашните 7 рунди во тековниот шампионат во НХЛ имаше слаби оценки Лингрен одигра само еден натпревар.

Read More

Бразилецот, Нејмар, нема да игра за неговата репрезентација до крајот на годинава, најавија дел од медиумите. Фудбалерот на Ал-Хилал, кој поради потешка повреда на коленото беше надвор од терените речиси една година, нема да добие повик од селекторот на „кариоките“ за мечевите со Венецуела (14 ноември) и со Уругвај (20 ноември). Се претпоставува дека Нејмар повторно ќе го облече дресот на „кариоките“ догодина на натпреварите со Колумбија (20 март) а потоа и со Аргентина (25 март).

Read More

Екипата на Арсенал ја оправда фаворитската улога на теренот на Престон и со победа од 3-0 влезе во наредното коло во „Карабао“ Купот на Англија. Головите за „топчиите“ ги постигнаа Габриел Жесус, Итан Нванери и Каи Хаверц. Тимот од Лондон во наредната рудна ќе излезе на мегдан со Кристал Палас кој успеа да ја победи екипата на Астон Вила. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека се оди според планот. „Победивме и се пласиравме во четвртфиналето. Имавме повеќе прилики и дадовме неверојатни голови. Излеговме со искусни и млади играчи од кои неколку дебитираа“ – вели Артета.

Read More
NBA

Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмон Грин, го коментираше неговото соочување со играчот на Њу Орлеанс, Зион Вилијамсон. „Беше забавно. Тој стана многу подобар со текот на годините. Може да се забележи дека ја подобри физичката подготвеност и почна посериозно да гледа на играта“ – вели Грин. „ Се гледа дека поминува многу време во теретана. Работи напорно за да стане подобар. Се чини дека ги надмина неговите проблеми и дека станува многу подобар“ – нагласи Грин.

Read More

Напаѓачот на Ал Ахли, Иван Тони, одговори на прашањето дали ќе постигне повеќе голови од играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо. „Се надевам, да бидам искрен, не гледам што прават другите. Секако, знаеме дека Роналдо е најдобриот играч но, ќе се фокусирам на мене и ќе го правам тоа што го знам најдобро“, изјави Тони. Тој од почетокот на актуелната сезона настапува за Ал Ахли. Напаѓачот на 10 натпревари, постигна четири гола и имаше две асистенции. Неговиот договор е валиден до крајот на јуни во 2028 година.

Read More