Author: dino

Руд Ван Нистелрој во првиот меч како времен тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед се израдува на убедлива победа против Лестер со 5-2 во рамките на Купот на Англија. Холанѓанецот кој според најавите ќе ја извршува функцијата до доаѓањето на Рубен Аморим, вели дека секогаш ќе биде тука за клубот без разлика на неговата улога. „Тука сум да му помогнам на Манчестер Јунајтед и давам се од мене. Во иднина, во било која улога, тука сум да му помогнам на клубот и тоа никогаш нема да се промени“ – вели Холанѓанецот.

Read More

Ракометарите на Алкалоид во третото коло во ЕХФ Купот ќе одат на мегдан со екипата на Вест Виена. По денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ беше објавено дека првите мечеви ќе бидат одиграни на 23/24 ноември додека реваншите се на 30 ноември/1 декември. Победниците од тие дуели ќе одат во осминафиналето. Ќе потсетиме дека Алкалоид во првото коло лесно го помина составот на Драгунас Клаипеда.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери, ги анализираше неговите први две години во клубот. Под негово водство, екипата од Бирмингем постигнаа огромен напредок. Минатата сезона заврши четврта а во тековнава за првпат по 42 години игра во Лигата на шампионите. „Се надевам дека ќе се развиваме повеќе. Првата цел ми беше да играм во Европа, да завршам во топ 7. Нареден сон што го имам е да освојам трофеј“ – изјави Емери.

Read More

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, изјави дека е загрижен за состојбата на „црвените ѓаволи“ кои по девет одиграни кола се наоаѓаат на 14-та позиција во Премиер-лигата. „Тен Хаг е во лоша ситуација, тие потрошија цело богатство. Имаат натпревар од Карабао купот но, се ќе биде фокусирано на Челзи во следниот викенд“ – вели Невил. „Мислам дека не можат да си дозволат уште еден пораз на Олд Трафорд. Тоа се играчи кои беа донесени главно во изминатите неколку сезони“ – изјави Невил.

Read More

Шахистите на Алкалоид убедливо го  победија против францускиот „Шартре“ со 5:1 во последното коло на Европскиот Клупски Куп . Алкалоид го заврши настапот со пет победи, два нерешени резултата и без пораз. Екипата на  „Нови Бор“ стигна до третата европска титула со 13 бода или еден повеќе од „Алкалоид“. Нашиот состав по трет пат оствари пласман меѓу првите две екипи на Стариот континент. Во 2016 година беше Европски шампионаво а 2017 година го освои второто место.

Read More

Марио Исола, шеф на обавувачот на гуми во Формула 1 – „Пирели“, очекува возачите да се обидат со само едно пит-стоп застанување да ја поминат трката за Големата награда на Мексико Сити. „Бевме сведоци на многу оспорувана квалификација. Втора година по ред возач на Ферари стартуваше од пол-позицијата. Сè сугерира дека болидите на Ферари, Ред Бул и Мекларен, ќе бидат изедначени“ – вели Исола. „Најбрзата стратегија е со еден пакет на гуми и користење на тврди и средно тврди. Теоретски, најдобрата опција е да започнете со „Medium“ и да ги промените во „Hard“ помеѓу 35 и 32 круг3 – потенцираше…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, признава дека неговиот тим не одиграл според очекувањето на вчерашниот меч кај Вердер Бремен кој заврши 2:2 во рамките на тековното коло во Бундес-лигата. „Бевме премногу меки во одбраната а тоа успеа да го искористи противникот во два наврата и да изедначи. Можеме и мораме да се браниме подобро“ – вели тренерот на „фармацевтите“. „Не ни се случува тоа прв пат во сезонава. Има работи што треба допрва да ги поправиме“ – беа дел од зборовите на Алонсо.  

Read More

Норвежаните имаа апсолутна доминација на првиот сезонски велеслалом кој беше возен во рамките на Светскиот куп во алпско скијање на патеката во Зелден. Победи Стин Олсен пред Хенрик Кристоферсен и Ли Мекграт.  Во првите 10 место обезбедија и Лукас Братен, Алекс Винацер, Зан Кранец, Рафаел Хасер, Патрик Форштајн, Џино Кавизел и Лука де Алипрандини. Бранителот на Големиот кристален глобус, Марко Одермат,  падна уште во првото возење. Трката во Австрија беше реализирана пред повеќе од 16.000 фанови на скијањето.

Read More

Македонската женска ракометна репрезентација го запиша третиот пораз на „Трофеј Карпати“ кој се реализира во градот Клуж. Денеска загубивме од селекцијата на Швајцарија со 27:22 иако во поголемиот дел од мечот бевме рамноправен противник. Во нашиот табор во поглед на реализација се издвоија Дамјановска и Ристовска кои постигнаа по 5 голови. Во претходните две кола македонските ракометарки загубија од домаќинот од Романија и репрезентација на Словачка.

Read More

Во соопштението на претседателот на ракометниот состав Вардар, Михајло Михајловски, во кое беше потврдено заминувањето на Владо Недановски од клупата, тој упати порака до играчите. -Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра“, се вели во соопштението на Михајловски. Вардар времено ќе го води Стојанче Стоилов…

Read More