Луѓето од кошаркарскиот состав Панатинаикос поднесоа жалба до Евро-лигата по натпреварот со турскиот Фенербахче. Грчкиот клуб изрази незадоволство што противничките навивачи го закачија знамето на Турската Република Северен Кипар. Истото беше поставено во близина на местото каде што судиите ги разгледуваа видео-снимките и редовно можеше да се види на малите екрани. Грција и Турција се во конфликт околу Северен Кипар. Грчката страна проценува дека Турците окупирале дел од островот.
Author: dino
Роберто Манчини кој деновиве го напушти кормилото на Саудиска Арабија, ги објасни причините за неговото предвремено раскинување на соработката. „Многу работи се променија со зголемувањето на бројот на странци во тамошното првенство. Локалните играчи добива помалку шанси а во такви услови не можам да гарантирам пласман на Светското првенство“ – рече Италијанецот. Прекинот на соработката доаѓа откако Саудиска Арабија беше елиминирана во осминафиналето во Купот на Азија.
Лара Гут-Бехрами, која ќе го брани Големиот кристален глобус во Светскиот Куп во алпско скијање, не се појави на премиерниот велеслалом на отворањето на новиот шампионат на патеката во Зелден. Таа не се чувствувала 100 проценти подготвена и затоа не учествуваше на трката во Австрија. Натпреварувачката од Швајцарија која во изминатата недела беше болна а претходно имаше проблеми со коленото, одлуката ја донесе непосредно пред трката.
Менаџерот на фудбалерите на Челзи , Енцо Мареска, не крие дека не е задоволен од игрите и улогата на теренот на капитенот, Рис Џејмс. „Очекувам многу повеќе од него од аспект на лидер во соблекувалната. Понекогаш капитените мислат дека ќе добијат нешто повеќе од менаџерите но, според мене, тие треба да даваат повеќе“ – вели италјанскиот тренер. „Кога немате соодветен лидер, мора да го направите, мислам дека ние сме во таква ситуација“ – потенцираше Мареска.
Дејан Недев, успеа да го обезбеди бронзениот медал во дициплината – „кати поединечно“ на ИКУ Светскиот шампионат во традиционално карате кој се одржува во Буенос Аирес. Тој во Аргентина го обезбеди третото место на пиедесталот во конкуренција на 57 натпреварувачи од 44 земји. Според објвата на МТКФ, наредниот предизвик за нашите каратисти ќе биде Светското првенство од 5-10 ноември во Перу.
Енеа Бастијанини е победник на денешната спринт трката во рамките на Мото ГП викендот во Тајландан. Италијанецот во Тајланд го освои првото место токму пред Мартин и Бањаја, кои остануваат во битката за шампионската титула. Марк Маркез на крајот остана на четвртото место, зад него се пласираше неговиот брат Алекс, а поени од спринтот освоија уште Морбидели, Бецеки, Ди Џанантонио и Биндер. Кај возачите лидер е Мартин кој има 433 поени, втор е Бањаја со 411, додека Бастијанини 343 поени му се приближи на третопласиранот М. Маркез кој има 351 поен.
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Владата имаше официјална средба со Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, поранешен член на британскиот парламент и актуелен член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет кој официјално е кандидат за прв човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на претстојните избори во март 2025 година. На средбата беше дискутирано за поддршката која Министерството за спорт ја обезбедува за Атлетската федерација на Македонија, како и за идните проекти и иницијативи за унапредување на македонската атлетика.
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, верува дека ќе продолжи одличната серија и на неделното дерби со Арсенал во рамките на 9. коло од Премиер лигата. „Знаеме дека ќе ни биде многу тешко на гостувањето кај Арсенал. Историјата покажува дека мораме да одиграме на победа“ – вели Слот. „Секогаш е тешко да победите кај големите екипи како Арсенал или Сити, но, ние ќе се обидеме в недела да го направиме токму тоа“ – потенцираше Слот на средбата со новинарите.
Дежон Мареј кој дебитираше за екипата на Њу Орлеанс на натпреварот со Чикаго во НБА лигата, заработи скршеница на раката. Кошаркарот кон крајот на мечот лошо падна на теренот и потешко се повреди. Според објавеното, операцијата на левата рака била успешна а кошаркарот ќе се врати на терените за 4-6 недели. Во таборот на Њу Орлеанс и понатаму надвор од стројот остануваат Треј Марфи и Зион Вилијамсон.
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, нагласи дека лошите резултати во сезонава се должат на серијата повреди на стандардните првотимци. Во „болницата“ на стадионот – „Олд Трафорд“ се Коби Мајну, Хари Мегваер, Мејсон Маунт, Лук Шо, Лени Јоро, Тајлер Маласија и Џони Еванс. Од вчера им се придружи и Антони кој се повреди на мечот со Фенербахче во Лига Европа. „Да, повредите не спречуваат да го достигнеме посакуваното ниво. Кога ги немате на располагање повеќето фудбалери, тешко може да го креирате најдобриот состав“ – вели тренерот на англискиот состав.
