Author: dino

Фудбалерот на Јувентус, Хуан Кабал, ги искина лигаментите на коленото и ќе мора да оди на операција. Тоа значи дека „старата дама“ остана без уште еден значаен дефанзивец до крајот на сезоната. -Денеска играчот Хуан Кабал беше подложен на дијагностички тестови кои открија кинење на предните вкрстени лигаменти на левото колено“, се вели во соопштението на италијанскиот состав. 23-годишниот фудбалер кој набрзо ќе биде опериран, практично ја заврши сезоната.

Read More

Фудбалерот на Њукасл, Александар Исак, вели дека не го интересираат шпекулациите дека екипата на Арсенал е заинтересирана за неговиот потпис. Тој има договор со клубот до 2028.    „Секогаш има одредени гласини, тоа се случуваше и претходно. Јас во моментов размислувам само за мојот клуб“ – вели Исак. Швеѓанецот во тековнава сезона има одиграно 11 натпревари со ефект од пет голови.

Read More

Манчестер Јунајтед откако прекина да му плаќа на Сер Алекс Фергусон кој ја имаше улогата на Амбасадор на клубот, сега размислува да го намали буџетот наменет за одредена група на навивачи. Станува збор за здружението во кое се активни лица со посебни потреби а се фанови на Манчестер Јунајтед. Тоа е едно од првите формирано во Англија и во моментов добива 40.000 фунти годишно од касата на „црвените ѓаволи“.

Read More

Финскиот возач, Валтери Ботас, кој нема обезбедено состав за наредната сезона, би можел да добие многу значајна позиција во Мерцедес. Наводно, Финецот може да стане советник и да го наследи Жером д’Амброзио. Тоа на некој начин го најави легендарниот, Кристијан Фитипалди. „Како што ми беше кажано на патеката, изгледа дека ќе се врати во Мерцедес и ќе биде советник на Тото. Не заборавајте дека Жером д’Амброзио замина во Ферари и дека има место за Ботас“ – потенцираше Фитипалди кој е дел од познатата тркачка династија.

Read More

Вјачеслав Биков ја процени можноста хокеарот, Евгени Малкин, да се врати во КХЛ лигата. Актуелниот договор на напаѓачот со Питсбург е до крајот на сезоната 2025/26. „Како што разбирам, Евгениј има и сила и желба да продолжи да игра во НХЛ. Таму се собрани најдобрите претставници на светскиот хокеј“ – вели селекторот на руската репрезентација. „Само Евгениј може да одлучи кога и каде ќе ја заврши кариерата. Можеби тоа ќе се случи во татковината“ – вели Биков.

Read More

Џамал ​​Мусиала веројатно ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен и ќе стане еден од најплатените фудбалери во клубот. Според најавите, младиот напаѓач ќе ја продолжи соработката со Баварците до 2030 година и ќе заработува околу 22 милиони евра по сезона. Таа сума е двојно поголема од сегашната што ја добива. Германскиот репрезентативец кој е производ на школата на баварскиот гигант, претходно изјави, дека неговата иднина ја гледа токму на стадионот – „Алијанц Арена“.

Read More

Омер Топрак откако најголемиот дел од фудбалската кариера ја помина во германските состави Борусија Дортмунд, Фрајбург, Вердер Бремен и Баер Леверкузен, објави дека се повлекува од терените. Дефанзивецот во 16 сезони одигра 263 натпревари а има и 27 средби во дресот на селекцијата на Турција. Негов последен клуб е Анталијаспорт. – Горд сум што го живеев мојот сон и неверојатно сум благодарен на фудбалот, моите клубови, соиграчите и навивачите за се“, напиша Топрак на социјалните мрежи.

Read More

Нашата женска одбојкарска репрезентација ги доби противниците за ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Тоа се: Австрија, Швајцарија, Летонија, Израел, Грузија, Луксембург, Фарски Острови и Исланд. Македонија ќе биде организатор на првиот турнир (30 мај-1 јуни) кога ќе ги одмери силите со Луксембург и Швајцарија. На вториот (6-8 јуни) ќе играме со домаќинот Фарски Острови и со Австрија. Во третиот викенд (13-15 јуни), Македонија ќе се соочи со организаторот Израел и Грузија. Македонската женска одбојкарска репрезентација дебитираше во Сребрената Европска лига во 2023 година.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, вели дека новиот тренер, Рубен Аморим, ќе донесе новитети во екипата. „Најзначајно е како ќе се поврзе со играчите. Тој секогаш ги бранеше фудбалерите на прес-конференциите. Имаше млад тим и мораше тоа да го прави“ – потенцираше Фернандеш за новиот предводник на „црвените ѓаволи“. Аморим дојде од екипата на Спортинг Лисабон. Тој на клупата на Јунајтед го замени Ерик тен Хаг.

Read More

Челниците на Манчестер Јунајтед би можеле да го ангажираат 18-годишниот бразилски фудбалер Лоран кој ги брани боите на Фламенго. Англискиот клуб размислува во трансферот да го вклучи и Ентони кој во сезонава има само 4 натпревари и 1 гол. Неговиот договор е до летото во 2027 а трансферната сума се движи до 20 милиони евра. Се претпоставува дека „црвените ѓаволи“ за потписот на Лоран ќе издвојат максимум 10 милиони евра.

Read More