Author: dino

Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул сакаат да го ангажираат играчот на Борнмаут,  Милош Керкез, велат денешните информации од Англија. „Црвените“ практично бараат соодветна замена за ветераните Ендрју Робертсон и Костас Цимикас, кои набрзо може да го напуштат клубот. Нивниот избор паднал на 21-годишниот фудбалер кој во сезонава има одиграно 11 натпревари во Премиер-лигата. Според одредени проценки, Ливерпул за потписот на унгарскиот лев бек ќе треба да издвои околу 20 милиони евра.

Read More

Англискиот фудбалски репрезентативец, Хари Кејн, кој настапува за германскиот Баерн Минхен, вели дека Премиер-лигата треба да ја врати зимската пауза бидејќи играчите имаат преголем календар со натпревари. „Би било одлично да се врати зимската пауза во Англија. Го имавме тоа околу две години и мислам дека беше многу добро за фудбалерите“ – вели Кејн. „Во изминатата година го имав првото искуство на долг зимски распуст. Чувствував дека тоа многу ми помогна да се опоравам во тешкиот период. Веројатно треба да има дискусија за календарот“ – рече напаѓачот.

Read More

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, верува дека Килијан Мбапе набрзо ќе се врати во посакуваната форма. Фудбалерот на Реал Мадрид беше изоставен од списокот на „триколорите“ за ноемвриските натпревари. „Тој е во тешка ситуација но, верувам дека ќе направи се што може да ја врати ефикасноста. Мбапе може да игра на различни позиции“  – вели Дешамп. „Понекогаш работите не функционираат и тоа може да доведе дури и до депресија. Психолошката состојба е многу значајна“ – нагласи селекторот на „галските петли“.

Read More

Младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, која ја лекува повредата на зглобот, можеби нема да биде на списокот за мечот со Селта закажан за 23 ноември во рамките на Примера Дивизион, велат последните најави од Шпанија.  Крилниот напаѓач на Каталонците се повреди на дуелот одигран во Белград против „црвено-белите“ во Лигата на шампионите и треба да паузира околу 2-3 недели.   17-годишното крило е во процес на рехабилитација а во наредните денови ќе биде одлучено дали ќе може воопшто да се појави на мечот во Виго.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, потенцираше што сака да направи откако ќе ја заврши кариерата во професионалните води. „По фудбалот сакам да се фокусирам на создавање на семејство. Кога ќе престанете да играте, нешто во вас умира“ – потенцираше црномурестиот играч на „кралевите“.  „Не сакам да имам допирна точка со спортот. Повеќе би сакал да станам директор на компанија“ – откри како размислува репрезентативецот на Франција.

Read More

Александар Зверев кој ќе ја заврши сезоната на второто место на АТП листата на најдобрите светски тенисери, вели дека главна цел ќе му биде да ја освои првата Грен Слем титула. „Ќе направам се во наредната година да бидам на повисоко ниво. Сега одам на мала пауза и потоа ќе работам напорно“  – изјави Германецот кој ќе го пропушти финалето на Дејвис купот за да може да се рекуперира. Зверев во годинава одигра само едно финале на Грен Слем турнирите и тоа на терените во Париз кога загуби од Шпанецот, Карлос Алкараз.

Read More

Фудбалерите на Белгија ги загубија шансите да одат во завршната фаза во Лигата на Нации а нивниот селектор, Доменико Тедеско, објасни како се справува со критиките за неуспехот. „Работиме на изградба на нов тим. Нема да избегам од одговроноста иако одредени луѓе го очекуваат спрoтивното“ – вели Тедеско. „Гледам дека репрезентацијата има огромен потенцијал. Не чека многу работа“ – беа дел од зборовите на селекторот на Белгија по поразот од Италија. 

Read More

Нашиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ, во интервју за – „Спорт клуб“, откри, дека нема да игра на првиот мечот со Литванија во Скопје во рамките на тековните квалификации. „Истиот ден играме против Макаби во Евро-лигата и нема да можам да бидам на натпреварот во Скопје“ – нагласи Димитријевиќ. На средбата со Литванците нема да биде ниту Ти Џеј Шортс кој ќе има обврски со неговиот клуб од Париз.

Read More

35-ет ракометари се ставени на поширокиот список на селекторот, Кире Лазаров, за фазата на подготовки за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи догодина во јануари во Хрватска, Данска и Норвешка. Македонија мечевите од првата фаза на ракоемтниот Мундијал ќе ги  одигра во групата „Д“ во Вараждин (Хрватска). На 15-ти ќе отвориме со Унгарија а потоа ќе играме со Холандија на 17-ти и против Гвинеја на 19 јануари.

Read More

Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацелија, може да го напушти италијанскиот состав иако има договор до 2027 година. Според медиумите на „Чизмата“, претставниците на Барселона стапиле во контакт со 23-годишниот фудбалер за да ги дознаат условите за евентуален трансфер. Грузиецот во сезонава има 12 натпревари на кои постигна пет голови и направи две асистенции.

Read More